“ЖЕНСКА УТОПИЈА” – на репертоарот во НУЦК Марко Цепенков

Театар „Чин 4 Сцена 5′ и
УАУ Европска Филмска, Театарска и Танцова академија – Скопје

Со особена гордост ве покануваат на изведбата на монодрамата

„ЖЕНСКА УТОПИЈА“
според драмите на Јордан ПЛЕВНЕШ
Адаптација, режија и изведба: ДИМИТРИНА МИЦКОСКА

Гласот на Абдула: Димитар Ѓорѓиевски;
Техничка поддршка: Христијан Конески, Саша Нацевски, Томе Темелкоски и Горан Трајкоски;

“Женската утопија” се базира врз репликите на сите женски ликови од драмите на Јордан Плевнеш. Земани се реплики од скоро сите драми, но јадрото го сочинуваат Малина од “Еригон”, Мадам Де Помпадур од “Безбог”, Марија од “Notre Femme De Paris”, Стела и Естреа од “Вечната куќа”, Ереба и Европа од “Среќата е нова идеја во Европа”, Маргарита Ветерова и Катерина од “Р”, Весна Мирна од “Слободен лов”, Наставничката од “Југословенка антитеза” чии реплики се извадени и изместени од оригиналниот контекст и направени се пет самостојни ликови.
Грета – со своето лудило кое е резултат од совршениот живот кој го имала и не толку совршената судбина што ја отавила без ништо и без ниеден остварен сон.
Малина – која се јавува како привидение, која ракажува за потрагата по мажот и децата изгубени во војна за повторно сама да се врати во својот гроб.
Мадам Де Помпадур – една влијателна жена, која може да направи се што ќе посака со својата моќ, а ја нема моќта да направи да ја сака мажот за кој и смекнува срцето и на крај отанува скршена.
Марија – жена полна со љубов и страст, го чека својот маж, за неа не постојат религиски пречки за да сака, ја презира историјата пишувана со крв и тврди дека нема ништо друго на светот освен страст.
И Стела – една јака жена која не потклекнала на ниедна пречка во животот и немилосрдно ни ја плеска вистината в лице..
Сите пет постојат како ликови во драмите на Плевнеш, но во “Женската Утопија” се изместени од рамките во кои тој ги сместил и се ставени во сосема нови ситуации и карактери кои се дел од мојата имагинација и креација.
Пишуваниот збор на Плевнеш во комбинација со мојата инспирација од секој негов збор резултира со оваа монодрама, сплет на зборовите на Плевнеш и моите дела.
Како што тој пишува: “Разновнидните имиња на душата меѓу различни народи постојат како различни облици или начини на дишење.” Од неговите разновидни облици на женски ликови јас креирав пет души, пет начини на дишење во едно тело. Женска утопија. Хаос и утопија.

Младата актерка Димитрина Мицкоска ја понесе наградата „Млада Европа“ за адаптацијата, режијата и изведбата на претставата „Женска утопија“, работена по мотиви од драмите на Јордан Плевнеш.

18.09.2018 година
20:00 часот
НУЦК „Марко Цепенков“ – камерна сцена;
Цена на влезниците: 100 денари.
Информации и резервации на тел. 075 48 66 57, или во инбокс.
Бројот на влезници е ограничен на 100.