Едукативните системи низ светот

Практична работа, морални вредности, учење низ песна или строги казни?

Различни земји низ светот имаат различни образовни системи и начини на едукација за децата.

Се вели дека образованието на децата од нивните почетоци е најважниот дел од животот и основните навики за правилно однесување се стекнуваат уште од најмала возраст.

Во продолжение ќе видиме какви се образовните системи во различни делови на светот, какви се начините на работа и како се одвива едукативниот процес.

1.Финска

Во едукативниот процес во Финска нема домашни задачи и ден во училиштето не минува без музика.

Децата се учат да свират на инструменти, а понекогаш и снимаат свои музички изведби. Кај нив музичкото образование се цени како математиката. Тестовите содржат неочекувани проблеми за кои се очекува од учениците да најдат решение и се говори отворено за тешки теми како војни, дрога и сексуална едукација.

2. Виетнам

Во Виетнам наставниците се однесуваат како родители кон децата, искажуваат авторитативност и ги воспитуваат. Децата учат странски јазици, и образованието го сметаат како пат до успехот и можност да му донесете напредок и на вашето семејство. Најпрво, се важни добрите врски со другите луѓе, а потоа се преминува на знаење и едукација. Моралните вредности се најважни во овој образовен систем.

3. Јапонија

Јапонците сметаат дека ученикот ќе ја разбере материјата само кога тој ќе излезе пред целото одделение и ќе им објаснува на соучениците како предавач.

Во училиштата во Јапонија се даваат многу домашни задачи. Интересно е тоа што таму многу внимание се посветува на здравата исхрана и тоа е една од најважните навики кои мора да се почитуваат. Поради тоа, општо е познато дека во Јапонија живеат најздравите деца во светот.

4. Сингапур

Образованието во Сингапур се смета за најдобро во светот. Сепак, поради големиот број на активности кои ги имаат учениците, овој образовен систем е и еден од најпреокупираните и заморувачки системи во светот. Таму, учениците имаат многу практична работа која е поврзана со професијата со која тие сакаат да се занимаваат во иднина. Преку практичната работа, наставниците можат да видат и дали и колку таа професија е вистинскиот избор на ученикот. Истовремено, најважно за наставниците е дали учениците добро го разбрале прашањето, а не дали го дале точниот одговор.

5. Литванија

Литванија практикува модерни форми и практики на образовен систем. Во нивните училишта најважна е еднаквоста помеѓу учениците и се осудуваат сите форми на дискриминација. Наставниците се однесуваат со голема доверба и отвореност кон децата и тие се многу приврзани за нив.

Кој од овие системи е најприфатлив за вас и сметате дека дава најдобри резултати?