ЕВС проект во Унгарија?! – Не пропуштајте!

Наслов на проектот: “Media and Communication”

Организација домаќин: “Hang-Kép Egyesület” –  The Sound – Picture Association

Локација: Дебречен, Унгарија

Времетраење на проекот: 12 месеци (15.05.2018-14.05.2019)

За проектот:

Волонтерите ќе работат со членовите од организацијата и ќе фотографираат, ќе спремаат кратки видеа, анимации за млади и културни активности. Ќе има и обука за секој волонтер посебно за да ги стекнат вештините кои ќе им бидат потребни за работата. Волонтерите активно ќе учествуваат во обуките за комуникација кои ќе бидат организирани за средните училишта, универзитетите и младинските работници. Тоа ќе бидат обуки за градење на тим, за јавно говорење и курсеви за фотографија.

Волонтерите ќе работат со локални тимови, ќе комуницираат по различни прашања кои се од значење за младите луѓе и за членовите на локалното општество. Периодот за работа е од 09:00-17:00 часот и час и половина пауза за ручек.

Сместување, храна и патни трошоци:

Волонтерите ќе добиваат месечен џепарлак во износ од 120 евра. Сите трошоци за сместување и храна се покриени од организацијата – домаќин. Волонтерите ќе бидат сместени во изнајмени апартмани од страна на организацијата со приватни соби.

Доколку сте заинтересирани за фотографирање и правење интервјуа и видеа за различни настани, но истовремено сакате да ги научите тајните на професијата – новинар, ова е вистинскиот проект за вас.

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до понеделник 16ти април 2018 година на е-маил: vcs_contact@yahoo.com.

Ве очекуваме