Две уметнички изложби на истакнати македонски уметници

Во петок 18 мај 2018 година во ликовната галерија од 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Лепени, сечени, монтирани“ од уметникот Сергеј  Дамовски.

Кратка биографија:

– 1990/91- Дипломиран ликовен педагог со вајарство-„Факултет за ликовни уметности“, Скопје

– Од 1999 до денес- Професор по ликовна уметност во СУГС„Цветан Димов“-Скопје

– СУГС „Димитар Влахов“-Скопје, ДУФК „ Методија Митевски Брицо“- Скопје , СУГС „Лазар Танев“- Скопје

– СУГС „Орце Николов“-Скопје( во моментот матично школо)

– Организатор координатор администратор и ментор на проектот „Ликовна колонија на ученици од средните училишта- Кнежино“ -2009

– учесник на голем број домашни и странски изложби и ликовни колонии

Во петок 18 мај во 20.30 часот во галеријата „Борко Лазески“ ќе биде отворена изложбата „(Не)заборав“ од  прилепчанецот Емил Димоски, кој ќе се претстави со дела со кои не дозволува старата архитектура да замине во заборав.

Посетителите ќе имаат ретка можност да  проследат макети, слики  и друг вид на творби дел од македонската традиција. Преку делата Димоски, кој е наставник во ОУ “Добре Јованоски“, го пренесува богатството од убава архитектура, манастири, стари куќи…

Секое дело вклучува некаква тајна, мистериозна инспирација, скриена порака, која успешно се проткајува низ камчињата и ливчињата на бескрајот. Во безбројните и бесконечните разговори за неговото творештво побарав објаснување за петте димензии.

 

НУЦК„Марко Цепенков“ Прилеп